Започна да се гради нов хотел на брегот на езеро Младост (фото и видео)

Петар Печков

Во средата беа удрени темелите на нов хотел, кој започна да се гради покрај бегот на езеро Младост. Работно тоа е објектот ,,Глориус,, бидејќи сопственикот Петар Димов вели дека е можно името да добие и  префикс, кога ќе  биде завршен.  Плацот е купен по пат на јавно наддавање изведено од Општина Велес а  сега започнаа градежните активности.   

Објектот ќе биде на пет ката. Најдолу е отворен бесконечен  базен т.н. инфинити. На првиот акт ќе биде голем простор за ресторан, со 700 места,  кој може да се  подели на  два дела.  Хотелот ќе има спа центар.  Во него ќе има 91 легло, што во апартмани, еднособни или двособни соби.  Цел ни се и транзитни туристи, но и гости од Скопје, Македонија. Хотелот се гради во повеќе фази.  Од мај да почнеме да работиме со ресторан, тераса и со базен, но и завршена градба на цел објект Втората фаза е уредување на ресторани и собите. Највисоко на објектот ќе има ресторан за 80 гости и бар за 60 лица    - изјави  Петар Димов сопственик на,,Глориус,,.

Хотел ,,Глориус,, се наоѓа на корисна внатрешна  површина од 4,6 илјади   метри квадратни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати