Започна сезоната на посета на планинарските домови

Петар Печков

Првомајски викенд ги наполни планинарските домови на Чеплес и Папрадиште,  така што гостите морале да спијат и во шатори. И двата дома имаат можност да примат по 50 посетители, но поради празниците имало многу повеќе, така што домаќините , за да не ги враќаат дома им обезбедувале спиење  во шатори или вреќи.

Привлечната цена од 150 денари за една ноќ, убавата природа и можноста за прошетка на неколку интересни локации ги привлекла љубителите на планината да поминат викенд на падините од Јакупица и под Солунска глава. И од двата дома велат дека ова е убава најава за претстојната сезона, од која очекуваат многу повеќе гости отколку лани.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати