Започна скулпторската колонија „Велес 2020“, авторите годинава работат од домашни услови

Петар Печков

Од денес, петок,  започнува со работа Меѓународна Скулпторска колонија „Велес 2020”, годинава втора по ред. На неа учествуваат седум автори, шест од Македонија и еден од Бугарија. 

Тие ќе творат две седмици, до 22-ри октомври, но во домашни услови. Уметничките дела кои ќе произлезат од креативните раце на учесниците, ќе бидат откриени за време на одбележувањето на 9-ти  Ноември, Денот на ослободување на Велес.

Поради актуелната пандемија со ковид-19, заради заштита авторите ќе творат во домашни услови, во нивните ателјеа. Скулптурите потоа ќе бидат донесени и поставени на локации, кои заеднички ќе ги одредиме. Главната идеја и порака  е иста како и минатогодишната, заштитата на животната средина. Авторите отпадниот материјал ќе го набават од нивниот најблизок склад, отпад а потоа таа вредност ќе им биде надоместена од организаторот Општина Велес- кажа координаторот на колонијата, Илко Стојановски, академски скулптор.

Скулптурите ќе бидат изработени од отпадно железо и мермер. Тие се доказ дека отпадот може да биде искористен на најдобар можен начин – да се реупотреби и намени, со што ќе биде претворен во уметничко дело и ќе го претставува новиот естетски лик на градот -изјави градоначалникот Коцевски.

За потребите на Скулпторската колонија, Општина Велес обезбеди 400 илјади  денари од општинскиот буџет, а поддршка од 200 илјади  денари даде Министерството за култура.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати