Започна спојување на ЈП Велес паркинг со ЈП Парк спорт

Петар Печков

На последната седница на Советот на Општина Велес е донесена одлука за започнување на постапката за спојување на ЈП Велес паркинг со ЈП Парк спорт.  Одлуката е донесена со мнозинство гласови 12 ,,за,, и седум ,,против,,. Новото ЈП ќе  гласи ,, ЈП „Парк – Спорт и паркинзи“ Велес. 

Градоначалникот Аце  Коцевски ја образложи одлуката со заштеда  на финансиски средства но и призна дека во формирањето на новото ЈП Велес паркинг се влегло амбициозно. 

Имајќи ги во предвид финансиските состојби во двете ЈП и тоа што се стремам, максимално искористување на човековите и материјалните ресурси, сметам дека оваа одлука е оптимално решение. По поднесувањето на оставка, ЈП Велес паркинг нема директор и затоа е потребно да се спои кон ЈП парк- спорт. Секој што работи и греши во желба да се направат позитивни промени, во желба да се излезе   во пресрет на барањата на граѓаните. Јавноста треба да знае дека двата УО на ,,Велес паркинг,, и ,,Велес -гас,, не се исплатувани надоместоци  - кажа Коцевски. 

 

Тој  ја објасни постапката на спојување, за која рече дека нема да била едноставна.   Оваа констатација ја добил од искуството со спојувањето на двете основни  училишта во едно, пред се со регистрацијата во  Централен регистар а на крај двата УО на двете ЈП требале да ја донесат одлуката за спојување.  

На ова реагираше советникот на ВМРО-ДПМНЕ Петре Саздов, кој кажа дека формирањето на двете ЈП во градот ,,Велес паркинг,, и ,,Велес гас,, не било неопходно. 

Упорно добро намерно  укажувавме дека  треба да се направат сите анализи и за доброто на сите граѓани, да се донесат квалитетни одлуки и дека е непотребно да се формираат тие две ЈП во тие фази на работа - изјави Саздов.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати