Започнува зимското сметање на времето, недела наутро

Петар Печков

Ноќта сабота кон недела, 26-ти и 27-ми октомври, часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3 часот после полноќ, се поместуваат на 2 часот, со што започнува зимското сметање на времето.

Промената на времето во западна Европа е воведено во 1970 година, поради заштеда на електрична енергија, зголемена продуктивност и поефикасен работен ден. Сепак, поновите истражувања и анализи покажале дека промената на времето носи негативни последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот.

Примената на „летно време“ низ светот и во Европа трае повеќе од половина век, а во Македонија истото започна од 1983 година, во рамките на тогашна Југославија. Бројни научни студии покажаа дека овие промени од по еден час, неповолно влијаат на човечкиот биоритам и на здравјето (депресивност, летаргичност, проблеми со спиење и др.) дури и до месец дена по промената.

Европскиот парламент во март годинава изгласа одлука за укинување на летно и зимско сметање на времето, која ќе важи од 2021 година.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати