Засадени сто садници дрвја во околината на езеро Младост, за сто години Природонаучен музеј на Македонија (фото)

Петар Печков

На денот на планетата земја, 22 април, вработените од  Природонаучниот музеј на Македонија од Скопје, релизираа акција за пошумување на околината на езеро Младост, крај Велес.  Еко-акција беше именувана „100 садници за 100 години Природонаучен музеј“. 

“Садниците што ги садиме денес се јасен - автохтон вид, што значи дека природно расте на ова подрачје. Тој е прилагоден на локалната клима и почва, бара помалку одржување и има многу поголеми шанси да опстане и да се развие” –изјави  Ивана Здравевска, едукатор – приправник.

Националната установа Природонаучен музеј на Македонија годинава одбележува 100 години од основањето. Во текот на еден век континуирано работење, Музејот има значајна улога во колекционирање, истражување, презентација и заштита на природното богатство на државата, како и во развојот на научната и едукативната дејност.

Во рамки на програмата за одбележување на 100 години од постоењето, Природонаучниот музеј на Македонија ја реализираше оваа еко-акција. Денес беа засадени автохтони садници со цел обновување на дел од шумскиот појас кој пред неколку години беше зафатен од пожар, како и подигнување на јавната свест за значењето на пошумувањето и заштитата на животната средина.

“Денес не сме тука само да засадиме садници, туку да направиме мал, но значаен чекор кон заштита на планетата Земја ” – дополни Здравевска.

На посадувањето учествуваа и ученици од средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес, членови на Извиднички одред „Димитар Влахов“ од Велес, како и локални волонтери.

Акцијата се реализираше со поддршка на ЈП Национални шуми која го подготви теренот за садење а садниците се обезебдени со спонзорство од Агроиндустриската групација АГРИА.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати