За десет часа СВР Велес одзеде четири возила оти возачите немале возачка дозвола

Петар Печков

На 7 февруари во 16:10 часот, во село Сојаклари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.И.(27 год) од Велес. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.И., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит, а сообраќајната дозвола на возилото била со измината важност. 

На 7 февруари во 22:00 часот, на улица „Ристо Попов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода Х.Д.(21 год) од Чашка. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. 

На 7 февруари во 22:15 часот, на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Ј.(25 год) од Неготино. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. 

На 8 февруари во 01:30 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од Мобилнатa единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода М.С.(28 год) од Велес. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.С., при што било констатирано дека го управувал возилото со впишана забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

По насоки на јавен обвинител, возачите биле приведени  во полициска станица, а возилата одземено. По целосно документирање на случајот, против лицата кои управувале без возачка дозвола  ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 7 февруари  во 20:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа М.У.(52 год) од Велес. Претходно, тој се јавил во полициска станица и ги омаловажувал полициските службеници, а потоа на улица „Јовче Тикваров“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати