Петар Печков
Објавено: недела, 15 февруари 2026
На 12.02.2026 во 09:30 часот на регионален пат Велес-село Извор, општина Чашка, кај место викано „крстосница Богомилска“, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода А.П.(25 год) од Велес. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки и по извршени проверки е констатирано дека А.П. го управувал возилото и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.
На 13.02.2026 во 01:20 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(45 год ) од село Бузалково, велешко. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал со поништена возачка дозвола поради издржување на казна затвор во Казнено - поправна установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес, а во моментот поседувал решение за домашно отсуство во траење од три дена. По насока на јавен обвинител возилото било привремено одземено, а Д.М. бил спроведен во установата за доиздржување на казната.
На 13.02.2026 во 10:45 часот, на регионален пат Велес- село Извор, полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишиле од слобода У.М.(30 год) од Кичево. При контрола во сообраќајот, на регионален пат Велес-село Извор, општина Чашка, било сопрено патничко возило „лада“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од У.М., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за Б категорија.
На 14.02.2026 во 23:25 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(30 год) од село Долно Караслари, велешко. При сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, било сопрено патнички возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М., при што било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка забрана за управување возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител возачите биле приведени во полициска станица, а возилата привремено одземени. По целосно документирање против возачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
