За најстарата железничка станица во Македонија - велешката (фото)

Петар Печков

Велешката железничка станица е најстарата во Македонија, разбирливо бидејќи првиот воз пристигнал токму на неа. Тоа било далечната 1873-та година на 9-ти април и тоа од Солун. Низ годините таа ја менувала местоположбата, изгледот, бројот на патници.   Денес реновирана  од неодамна, ги дава услугите на патниците кои од Велес се упатуваат најчесто за Скопје а помалку за Битола, Гевгелија или Кочани и попатните станици од овие правци.   

Историски гледано првата станица во Македонија е направена 1873-та година, кога  возот прв пат минал низ Македонија и железницата прв пат профункционирала. Тоа е близу Стар мост. Железничката е срушена во Првата Светска војна, па повторно изградена  пуштена во употреба 1921-ва година.Може да се забележи како големи станици се граделе тогаш. И таа е срушена во Втора Светска војна па обновена. Таа како централен железнички јазол била постојано мета на уништување низ сите војни на овие простори.   По војната била изградена мала зграда, која не можела да ги задоволи потребите на патниците - вели Петар Спасовски помошник директор за правни работи во МЖ Инфраструктура. 

Чудото од парна локомотива, која чурела и стигнала пред маса народ, пред 145 години, кај повеќето велешани  тогаш предизвикала радост, кај некои и страв од големата железна машина, иако таа повеќе ползела отколку што возела. Нормалната брзина на патничките и мешаните возови на различни релации била 35 и 30 км, а таа на товарните возови била утврдена на 30 и 25 км. Во 1886 година возењето станало побрзо, така што просечната брзина веќе можела да достигне 40 км на час, да немало задоцнувања поради големото задржување по станиците.

Така бројките покажуваат дека  во 1882 година со железницата патувале 66.245 луѓе, а две години подоцна по железницата биле пренесени 72.872 патника од кои 67.968 патувале во III класа, 4.402 - во II класа и само 502 патувале во I класа. Во однос на стоковниот промет статистиките за обемот на увезената и извезената стока транспортирана со железницата преку Солун, изгледа вака:

Во 1879 година биле увезени 24.163.618 кг. разновидна стока, а во 1880 година - 38.454.323 кг. Во 1879 година биле извезени 24.827.134 кг., а во 1880 година - 21.421.557 кг. Од извезената стока (жито, вино, бостан, дрво и кожурци - свилена буба) на прво место стоеле житариците со над 18.000.000 кг. во 1879 година и близу 14.500.000 кг. во 1881 година. 

Интересна епизода од железничката станица во Велес раскажува  Виктор Левков, еден од наследниците на семејството Левкови, кое имало фабрика за украсна керамика.

Кога турскиот султан  Абдул Хамаид II  се враќал  со воз 1912   од Косово, минал низ Велес. Бидејќи сме имале дуќан  на Железничка станица,  таму дедо ми Александар му подарил една фигура. Тој толку се воодушевил кога ја видел, што подоцна од Истанбул испратил лири како награда. На ова дедо испрати две нови фигури за султанот. Според кажувањата на музејските работници од Скопје, тие три фигури се наоѓаат, го красат   музејот  во Топ капи,  со посвета дека се од Левкови  од Ќупрули, старото турско име за Велес,  за турскиот султан – објаснува Виктор.

Да се навратам на завршувањето на Втората Светска војна. При ослободувањето на Велес, од страна на германците  бил миниран и  разрушен Железен мост, заедно со другите два моста во градот -Мало мовече и стар мост.  Еве како се градел разрушениот Железен мост. 

Го градеа заробените Германци. 4-5 години се креваше по два три сантиметри на ден.  И кога завршија, парна локомотива со еден вагон се движеше по него , мина неколку пати преку мостот, прво полека, потоа се побрзо и побрзо, да се види дали ќе издржи. Доле, под мостот беа инженерите и Германци и наши,. Ако случајно мостот не  издржи, тие први ќе настрадаа. Мостот издржа и до ден денес а заробените Германци потоа беа пуштени дома. И со нив заминаа велешки жени, со инженерите  некои со војниците. Стапија во брак и се земаа- раскажува постар велешанец, тогаш 10 годишно момче. 

Предзаминувањето Германците уништиле 10-тина парни локомотиви, кои се наоѓале   некаде кај Здружение, тогаш поле со афион. За да не паднат во рацете на партизаните во котелите ставале бомби и експлодирале. Така направиле и со вагоните со муниција  кои биле на Штипска пруга,  некаде кај Дурутовец биле уништени  ама од муницијата која се разлетала  по околината и до неодамна таму  имаше експлозивни направи. Кога се повлекувале освен што ги урнале  мостовите, ја уништиле и гевгелиска пруга. Со машина како рало, ги искршиле сите прагови. 

На велешката  железничка станица  сеуште  постојат неколку   работи кои се останати како реликти од век и повеќе. Тие се предмети  кои некогаш се користеле за   парната  локомотива, за нејзино полнење, функционирале се до 1978-та кога пругата кон Гевгелија беше електрифицирана.  Тоа  се двата резервоари за вода  и двата водонапојника. И судбински близу до   нив  е домот на Петре Николов,  кој  дел од  животот минал користејќи ги нив  како машиновозач по македонските пруги, возејќи парна локомотива, но и   дизел, возел и  електро локомотиви и шинобуси. 

На железничка  во Велес има два водонапојника.  Тие служат за полнење на парната локомотива со вода. Долу кај Бентот имаше пумпи, влечеа вода од Вардар и ги полнеа резервоарите, кои се на влезот од железничка од правец на Скопје.  Има два, еден помал и еден поголем. Од нив  со систем водата се носеше до водонапојниците  и преку тендер, така се викаше системот, се  полнеше локомотивата.  Вредно е да се напомене еден настан по ослободувањето. На пругата кон Кочани имаше останато  некои возила, кои беа заробени на таа делница оти Железен мост беше срушен и како да се искористат да ен стоајат така неупотребени.  Зимото 45/46-та преку Вардар   преку Стар мост се префли парна  локомотива тешка можеби  20 тони. Тоа беше настан сите и старо и младо го гледавме- објаснува Николов кој денес има 83 години.  Ако некогаш , пред пред само 10-тина години Железничката станица во Велес имаше илјада и двеста  патници дневно, сега тоа е драстично намалено само двеста.   

Порано имаше далеку повеќе патници, сега нема, побегнаа. Има автобуси, такси. Сега само учениците и работниците патуваат со месечни билети  и кога има бесплатни денови, тогаш е полно.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати