За петочните пожари во кои изгореа кровните конструкции

Петар Печков

МВР информираше за двата пожари кои во петокот се случија во градот, на две различни локации.

На 17.01.2020 во периодот од 07.40 часот до 09.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димко Најдов“, во куќа сопственост на В.Ј.(53) од Велес,  настанал пожар, при што била опожарен дел од кровната конструкција и електричната инсталација. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Велес - пишува во соопштението ан МВР.

На 17.01.2020 околу 11.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Козарникот“ настанал пожар во штала сопственост на И.А.(68) од Велес, при што биле опожарени дел од внатрешноста и кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Велес - информираа од МВР.

Увид на местото на настанот, во двата случаи  извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за пожарот.  

Поврзани »

Роденденски попусти во dm во Велес!

Со попуст од 15 проценти на АПСОЛУТНО СÉ, па дури и на веќе намалени производи, dm дрогеријата во Велес ќе го прослави својот 5 роденден. Детали

РОНТИС вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати