За салата „Гемиџии“да биде домаќини на турниp во Евро лигата во одбојка, потребно е да се решат одредени недостатоци во објектот

Петар Печков

Велес и салата Гемиџии можеби ќе бидат домаќини на групата од Сребрената Одбојкарска лига на ЦЕВ, доколку се решат неколку инфраструктури недостатоци кои се регистрирани во салата.

Наспроти најавите на дел од медиумите дека во Велес ќе се игра во месец мај меѓународна одбојка, Одбојкарската федерација на Македонија покажала интерес, но далеку е од одлука.  За  салата „Гемиџии “ да биде домаќин на ваков врвен меѓународен спортски настан, потребно е се да се исполнат и повеќе услови. 

Тие се познати  години наназад   а последен пат беа соопштени во летото 2018-та.   Нив ги има повеќе а дел од нив се:  треба да се уредат сите четири соблекувални, прес салата, просторија за антидопинг, просторија за официјалните лица. Иако ова  беше констатирано пред помалку од три години, ништо од нив не е решено.

А за да се игра групата од Сребрена лига во одбојка во Велес  итно треба да се решата до средината на месец мај, има уште два месеци. Турнирот на распоредот е на 21-23 мај. Учесници се репрезентациите на  Израел, Кипар, Данска Македонија.  Ваква најава дека Велес и салата Гемиџии ќе бидат домаќини на турнир од Евро лигата во одбојка имаше и во април 2017-та, но тој иако најавен никогаш не се одржа во Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати