За шест месеци во локалитетот Стоби имало 10 илјади туристи

Петар Печков

Во првите шест месеци од годинава археолошкиот локалитет  Стоби го посетиле    10 илјади туристи, повеќето домашни најчесто ученици во рамките на организирани екскурзии. Тоа е половина од посетеноста  ланската година, која беше рекордна. 

Бидејќи ова се бројки за  половина година, раководството на НУ Стоби очекува дека годинава посетители ќе  има рекордно, бидејќи во тек е сезоната на годишни одмори, кога покрај локалитетот, на автопатот минуваат илјадници, пред се странски туристи, кои се најчести гости во овој период од годината. Ако лани најбројни биле Холанѓаните, годинава се Американците.  

Археолошкиот локалитет Стоби во првите шест месеци го посетиле вкупно 10.312 туристи од кои домашни 6312 и странски 4000 од Америка, Италија, Србија, Словенија, Полска, Чешка, Јапонија, Германија - соопшти директорот Спасе Перовски. 

Туристите кои го посетители локалитетот најголем интерес посветувале на Античкиот театар, Епископската базилика и нејзиниот  мозаик, Теодосијанската палата, храмот на Изида, градбата со арки.   

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати