Петар Печков
Објавено: петок, 28 ноември 2025
Зголемен е бројот на предмети во граѓанскиот оддел на Основен суд Велес кои се од жртвите на родово базирано налиство и семејното насилство. За 11 месеци биле примени 52 предмети а за месед ноември до денес шест нови предмети. Тоа било повод во Основен суд Велес да се одржа меѓуинституционална средба за ефикасна соработка и меѓусебна координација на надлежните заради заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство. На средбата присуствуале претставници на СВР Велес, Центарот за социјални работи, ОЈО Велес и Основен суд Велес.
„Беше разгледана состојбата во врска со зголемениот број на предмети поврзани со жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во граѓанскиот и кривичниот оддел во Основен суд Велес, како резултат на динамичната природа на насилството“ – соопштија од Основен суд Велес.
Присутните биле согласни дека насилството врз жените и семејното насилство се клучен проблем и присутните институции давале приоритет во постапувањето, затоа што претставуваат најгруб начин на повреда на човековите права и слободи и облик на дискриминиација врз жените.
Четирите институции ги разгледале и проблемите со кои се соочува секоја од нив, но и сеопфатно и координирано да постапуваат и комуницираат, да ги усогласат активностите што ги преземаат во помошта и поддршката на жртвите. Но и да сторат се за утврдување на одговорноста на сторителите.
Донесени биле и заклучоци: координирано постапување и почитување на интегритетот, достоинството и приватноста на жртвите од родово базирано насилство и семејно насилство и неопходно вклучување на ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА Велес во меѓуинституционалната соработка.
