Зградата на велешки театар прима посетители без технички прием, констатирале од Државниот завод за ревизија

Петар Печков

Театарот во Велес кој започна да се гради во 2008, се отвори два пати  во 2014 година кога се одигра и првата претстава.  Роковите предвидени во основните договори се пробиени и многу постапки се водат со преговарања за непредвидени работи  спротивно на законски прописи. Театарот започнал да се гради со нецелосна проектна документација кое е на ниво на основен проект без дефинирни изведени работи – а новите проектни документации било невозможно  да се усогласат со основниот проект.

„Премерот во новиот изведен проект  речиси два пати го надминувал обемот на основниот проект – поради ова спроведени се повеке постапки за јавни набавки и постапки за преговарање без оглас што создава ризик од немање конкуренција, транспарентност и еднаков третман на понудувачите“ пишува Ревизорот.

Исто така Ревизорот утврдил и дека бил склучен договор со странски добавувач за светлосна и тонска опрема  во театарот во висина од 600 илјади евра, и ДДВ во висина од 100 илајди евра.

„Бидејќи објектот се гради во Велес, ДДВ треба да биде исплатено на сметка на  буџетот на РМ. Ваквиот начин на работа не е во согласност со Законот за трговски друштва и има за последица неуплатување на ДДВ во буџетот на РМ“, пишува ревизорот и бара да се најде начин да се вратат погрешно уплатените пари.

„Користење на објектите без технички преглед не е во согласност со одредбите од  член 87 од Законот за градење каде  е утврдено дека градбата ќе се стави во употреба по извештајот од технички инжинери, за да не се изложат на безбедносен ризик субјектите кои го користат објектот“, пишува Ревизорот.

Еве го целосниот извештај:

Од страна на носител на набавката извршени се градежни работите пред да се даде понуда и да се склучи договор за истите за објектот Театар Велес во Велес; За објектот "Театар Велес" во Велес не е извршен технички преглед, извршен е само интерен технички преглед по фази на ден 02.06.2015 година со кој се констатирани повеќе забелешки и недовршени позиции. И покрај тоа театарот е пуштен е во употреба во јуни 2014 година, а на истиот се уште се извршуваат градежни работи. Од страна на инвеститорот - Министерството за култура направено е додефинирање на испуштени проектни барања во спроведените претходни постапки за јавни набавки, а се со цел во измената и дополната на основните проекти да се содржат и дефинираат сите потреби на објектот. Како резултат на овие дополнителни барања и на основа на проектите за сценско -технолошки системи и проектот за акустика, од страна на проектантите направени се измени и дополнувања на сите основни проекти. Следствено на ова првично е изработена проектната документација за ентериерно опремување. Сите измени и дополнувања на основните проекти се ревидирани од страна на овластен субјект. Со измената на сите основни проекти дојдено е до промена на дел од содржината на сите предмер пресметки од овие проекти. Овие промени се однесуваат на следното:

дел од позиции останале исти како и во премер пресметките од основните проекти;

во одредени позиции има зголемени или намалени количини;

во одредени позиции има промена на технички карактеристики и технички опис на позициите;

дел од позициите имаат целосно изменет технички опис и карактеристики и во најголем број случаи во предмер пресметките од изведбената документација има сосема нови позиции и нови количини со кои се зголемува и обемот на работата, но и цената на изведување на работите.

Со вака дефиниран обем на работи содржан во три предмер пресметки кои меѓусебно се преклопуваат, се дополнуваат, односно остануваат исти не било можно одредени фази да бидат изведувани, се додека не се направи целосно усогласување на предмер пресметките.

Сите согледувања и анализи покажале дека обемот на работи дефинирани во проектот за ентериер и според предметот содржан во изведбениот проект за ентериер, требале заедно да се реализираат со нова јавна набавка. Исто така, обемот на работите дефинирани во изведбениот проект за машинство, целосно требал да биде реализиран со нова јавна набавка, а се според предмер пресметката дефиниран со новиот изведбен проект и истиот речиси 2 пати го надминувал обемот содржан во основниот проект. Во овој проект за машинство целокупниот сценски простор е третиран со сите потребни термо- технички параметри кои требале да важат за него, а биле испуштени во основниот проект. Врз основа на сето горенаведено, а во врска со изградбата на „Театар Велес" спроведени се повеќе постапки за ЈН и постапки со преговарање без објавување на оглас и склучени се Договори по истите без притоа  да  се надмине  законскиот  услов од 30 % од вредноста на основните договори. Меѓутоа со оглед на тоа дека изградбата на  театарот  е  почната  уште  во  2008  година,  а  во  2016  година  сеуште  се одвиваат активности и се склучуваат договори за непредвидени работи, градбата долго трае, укажува на фактот дека и роковите предвидени во основните договори не се почитувани. Големиот број на постапки со преговарање без објавување оглас за непредвидени работи не е во согласност со член 2 од ЗЈН, имајќи го во предвид фактот дека користењето на оваа постапка создава ризик од не обезбедување транспарентност, фер конкуренција и еднаков третман на понудувачите. 

 

Со странскиот добавувач од кој се вршени набавките опишани во точка 4.1.5. на 29.10.2015 година склучен е договор за изведување непредвидени работи на објект Театар Велес во Велес, односно изработка, испорака, инсталација, монтажа, испитување и пуштање во работа на опремата и инсталациите предвидени во основните проекти за сценско технолошките системи. Вкупната вредност на договорот со пресметан ДДВ изнесува 489.072 ЕУР, односно 30.170 илјади денари, а ДДВ изнесува 74.604 ЕУР, односно 4.602 илјади денари. Работите по овој договор се извршени 2015 и 2016 година. Констатираните состојби во однос на непочитувањето на законската регулатива во однос на начинот на работење на странски субјект на територија на РМ и обврската за ДДВ во потполност се однесуваат и на оваа точка, но бидејќи се работи за извршување на услуга, ревизијата ги констатира следните состојби:

во делот 2 од Законот за ДДВ во кој е пропишан Предметот на оданочување, односно во одредбите на член 14 став 2 од овој дел на Законот, како место на извршување на услугата се смета местото каде што се наоѓа недвижниот имот кога се врши услуга во врска со тој имот, во случајот на објектот „Театар Велес" на територија на РМ каде и треба да се плати ДДВ;

до Народната Банка на РМ доставувани се фактури во кој е вклучен ДДВ во износ од 4.602 илјади денари, а не времените ситуации за извршена услуга; 

плаќањето на странскиот добавувач е со вклучен ДДВ со отворање на акредитив во Народна Банка на РМ. Во пополнетиот образец кај шифрата на основот за пла1<.ање е наведена 640 која според Упатството за начинот на вршење на платен промет со странство и која ја пополнува налогодавачот е наведено 640- Работи на посредување (реекспорт) плаќање во рамките на работите на посредување.

Ваквиот начин на работење не е во согласност со одредбите на членовите од 579 до 595 од Законот за трговските друштва, членот 14 и членот 32 од Законот за ДДВ и има за последица не уплатување на ДДВ во износ од 74.604 ЕУР, односно 4.602 илјади денари во буџетот на РМ, иако местото на услугата е во РМ, а МК обврската со вклучен ДДВ ја плаќал со отворање на акредитив.

На ден 03.12. 2015 година со еден носител на набавка склучени се два договора за изведување на непредвидени работи на објект „Театар Велес" во Велес и тоа: Договор од 03.12.2015 година за изведување на непредвидени работи на објект  „Театар Велес" во Велес - градежно занаетчиски ентериерни работи, мебел, опрема и осветлување во вредност од 7.411 илјади денари чиј составен дел е и Предмер пресметката -понуда од 01.12.2015 година во постапка со преговарање и Договор од 03.12.2015 година за изведување градежно занаетчиски работи на паркинг во вредност од 2.292 илјади денари, чиј составен дел е и Предмер пресметката -понуда од 03.12.2015 година во постапка со преговарање.

Со увид во документацијата е констатирано дека во времените ситуации и градежната книга изготвени за месец ноември 2015 година содржани се позициите наведени во горе цитираните договори и понуди платени дел во 2015 година, а дел во 2016 година, односно работите по овие договор се целосно извршени во ноември месец 2015 година, а договорите се склучени на 03.12.2015 година. Освен тоа изведувањето на градежни работи на паркинг и набавката на мебел и опрема и осветлување не се работи кои се неопходни и не можат да се предвидат.

Извршувањето на работите пред да се даде понуда и да се склучи договор не е во согласност со одредбите на член 99 став 1 точка 3 и став 4 од Законот за јавни набавки и член 6 од договорите во кои е наведен рок од 60, односно 30 дена за извршување на работите од потпишувањето на договорот. Наведената состојба придонесува за незаконско постапување при трошењето на буџетските средства со што се намалува можноста за приговор во случај на неквалитетно извршување на работите, имајќи во предвид дека позициите, количините и вредностите на работите кои се предмет на договорот се веќе извршени.

Министерството за Култура  да преземе мерки и активности за доследно почитување на законските одредби за навремено склучување на договори за извршување на одредени работи.

Во сметководствената евиденција на Министерството за култура  објектот „Театар Велес" во Велес се уште се води како инвестиција во тек, имајќи предвид дека на истиот се уште се извршуваат градежни работи.

Според информациите доставени од Секторот за инвестиции, објектот „Театар Велес" во Велес е пуштен во употреба во јуни 2014 година. На 20.12.2014 година е реализирана и првата претстава.

До денот на ревизијата за овој театар  извршен е само интерен  технички  преглед по фази на ден 02.06.2015 година со кој се констатирани повеќе забелешки и недовршени позиции, со исклучок за сценските технологии за кои технички преглед е извршен на ден 15.10.2014 година.

Користењето на објектот пред да се изврши технички преглед не е во согласност со одредбите на член 87 од Законот за градење и создава ризик за безбедноста на корисниците на објектот (вработените и посетителите), како и придонесува за незаконско постапување во постапката на давање во употреба на објект.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати