Здружението за заштита на животните од Велес со своја веб страница

Петар Печков

Здружението за заштита на животните од Велес  од неодамна има  своја веб страница. Таму љубителите на  животните можат да најдат информации потребни за одгледување на домашни миленици, но и заштита на бездомните.

Исто така има информации како се вдомуваат животни, како да им се помогне на повредените животни, кучиња и мачиња и можноста за донирање на средства, кои на оваа група млади велешки ентузијасти им се најмногу потребни.

Со нив ги лекуваат повредените бездомни животни, досега на своја сметка и свои средства. Има и совети и занимливости од сферата на животинското царство, како и за исхранта на бездомните животни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати