Здружение на спортски риболовци Бабуна - помор нема, но контрола и одговорност мора да има

Петар Печков

За истекувањето на мазутот во река Вардар реагираа  и од Здружението на спортски риболовци „Бабуна“, кое стопанисува со рибниот фонд на река Вардар, по течението низ градот Велес. Тие извршиле увид и констатирал дека нема помор, но бараат од производните капацитети и од локалната власт поголема контрола.

Чести се овие инциденти и затоа и локалната власт и нејзината инспекција и  производителите, да вршат зачестени контроли.  Да се контролираат безбедносните системи колку се тие во функција, дали се во ред, за да не се случуваат вакви хаварии  а штетните и опасни материи да  завршуваат во река Вардар - кажа Мартин Павлов претседател на ЗСР „Бабуна“ од Велес.   

Во неделата околу 10,30ч. од резервоар на Маслодајна истекол мазут а дел од него завршил на улицата Алексо Демниевски Бауман, во понеделникот дел од мазутот пливаше по река Вардар.  Фабриката  и локалната власт со различни податоци колку мазут истече и  каде тој заврши. Од фабриката велат  не повеќе од 300 литри а од општината еден тон мазут, и дека дел  од него преку решетките за отпадната вода завршил во реката Вардар. Од Маслодајна тврдат дека нема излеано мазут во отпадниот канал.   

Екологистите потсетуваат дека Маслодајна минатата година на 27-ми септември предизвика  голем еко-инцидент, кога  во еден од силосите, дојде до само запалување на 400 тони пелети со сончоглед. Поради тоа дојде до оган, мирисот на гареж и чадот, кој силно ги вознемири велешани и тогаш остро реагираа. Подоцна во ноември  раководството на Маслодајна  се спогоди да  плати 50 илјади евра глоба  за пожарот. Со оваа спогодба  одговорните лица во Маслодајна,  извршниот директор и одговорно лице за животна средина  прифатија условна глоба од по 15.000 евра во денарска противвредност за секој поединечно.  која  ќе се изврши доколку во рок од една година од денот на склучување на спогодбата, одговорните  лица сторат прекршок од областа на животната средина.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати