Земјоделци го оштетуваат цевководот од езерото Лисиче до Велес за да си полеваат ниви и појат стока

Петар Печков

Надлежните од ЈКП Дервен констатирале дека по должината на цевководот, кој од езерото Лисиче носи вода за пиење за градот, тој   на повеќе места е оштетен. Неодговорни сограѓани, водата ја користат бесплатно за наводнување на нивните површини. Цевководот е во должина од 21 км.  Велешкото претпријатие не прецизира колку случаи до сега откриле и колкава е материјалната штета. 

Често се случува несовесни граѓани, поведени од целта бесплатно да ја искористат водата од цевководот од браната Лисиче до град Велес, за наводнување на сопствените земјоделски површини и напојување на стоката,  вршат криминални дејствија.  Тие оштетуваат елементи на цевководот-испусни вентили, делови од испусници и воздушни вентили и со тоа предизвикуваат неконтролирани истекувања на вода - велат од ЈКП Дервен. 

На овој начин, поаѓајќи од сопствениот  интерес, одделни земјоделци по должина на цевководот  нанесуваат огромна штета освен  на ЈКП Дервен, така и на земјоделските површини во непосредна близина на отштетениот  цевководот.  Тие прават грешка објаснуваат стручњаците, оти  истекувањето на водата од оштетениот цевковод не може да се контролира и со тоа се предизвикува поплави на околните површини. 

Од ЈКП Дервен апелираат за поголема свест кај сопствениците на земјоделски површини и сопственици на стока и потсетуваат дека манипулацијата со водоводните инсталации е незаконско дејствие и е казниво со закон. Водата која ЈВП Лисиче му ја испорачува на ЈКП Дервен е со цена од 3,82 денари  за метар кубен или месечно 1,7 милиони денари  а дел од неа се губи поради штетите од одделни земјоделци, кои со водата ги полеваат нивите и ја појат стоката. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати