Златко Арсов кандидат за градоначалник на Велес од Левица

Петар Печков

Политичката партија Левица за нивен кандидат за градоначалник на Велес, доцнма вечерва објави дека  го номинира Златко Арсов.

Тој   е редовен  професор на Зeмјоделскиот факултет во Скопје, при УКИМ, на група тутунски предмети, а докторска дисертација од областа на технологијата на тутунот ја одбранил во 2003 година. 

„На Велес му е потребно нови име, ново лице, досега неизвалкано  во политиката.Чест и обврска е да се биде кандидат за градоначалник на Велес, градот кој поставил многу темели и во културата и во општественото живеење во Македонија. Велес одамна бил црвена општина“ - порача Арсов, во неговата прва изјава за јавноста. 

Живее во Велес со сопругата и синот. Роден  на 18-ти мај, 1965 година, во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати