Зошто канделабрите во Велес работат и дење

Петар Печков

Кај велешани  често е присутна дилемата, зошто во одредени случаи и дење работат уличните светла. На различни позиции од градот   и во различни  делови  на  денот. Канделабрите светат а тоа го привлекува вниманието  на јавноста, зошто  е така.

Се  случува да видам дека работат светилките и дење на главнава улица. Ќе поработат некое време, па ќе ги угаснат. Не знам зошто е така, сигурно има  некоја работа . Имам приметено кога има настан, дека од светилките земаат струја и така има озвучување, ќе заврши тоа и прекинуваат да работат светилките. Така е за кога тргнуваат Гемиџиите од Мало мовче, тогај свети уште рано насабајле, откако ќе заминат  ламбите прекинуваат. Слично е и кога стигнуваат коњаниците  за Илинден, кога кај  споменикот на Рацин во центар има некој настан     – вели постар велешанец кој минува во центарот на Велес. 

ТрМр ја праша локалната власт, зошто  има случаи кога канделабрите работат  и дење. Еве го одговорот.

Уличното осветлување во Општина Велес во текот на денот во најголем број од случаите работи затоа што се врши тест проба при одреден зафат. На пример доколку линијата не работела, па сега се поставуваат нови светилки. Доколку имало одреден проблем во реонот исто така се врши проба на уличните светилки. Во мал дел од случаите можно е да работи уличното осветлување од некоја друга причина, но во тие случаи се реагира доколку истото се забележи, а тоа се прави и по пријава од граѓани – стои во писмената информација. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com