Зошто често нема вода во новиот дел на Велес

Петар Печков

Изминатиот период, или месеци  наназад, жителите од повеќе велешки улици   реагираа на честити прекини во водоснабдувањето.  Ова се однесува на новиот дел на Велес, улиците паралелно на Благој Ѓорев од Меаната на Даце повисоко. 

Или проблеми со водоснабдувањето имаше  на ул. Киро Ќучук, Гемиџиска, Васил Главинов, Мицко Козар и ул. Првомајска. Дефектите се случуваа често  веќе подолг временски период.  Поради реакциите на јавноста, новиот в.д директор Ѓоре Стојанов одговори, каде бил проблемот.   

Се работело  за неколку проблеми поврзани со реконструкцијата на водоводните линии на овие  улици, кои ги работел узведувач ангажиран од Министерството за транспорт и врски. 

За квалитетот на новите водоводни линии ЈКП Дервен не може да гарантира, затоа што се набавени и изработени од изведувачот ангажиран од страна на Министерството. Исто така, дел од приклучните линии од новите главни водоводни линии до дворовите на корисниците, во моментот кога ЈКП Дервен ги превземал, биле веќе поставени од страна на изведувачот, и веќе се случија неколку дефекти на истите. ЈКП Дервен пак, додека изведувачот вршел реконструкцијата на линиите истовремено не работеле на изведба на приклучоците за домаќинствата, па дури откако линиите биле изведени и затрупани почнало да се работи на приклучоците. Ова подразбира дека повторно се раскопувале улиците. И самото приклучување на домаќинствата било вршено неорганизирано, а не улица по улица. Заради неорганизираното работење на приклучоците, често била пуштана и запирана водата во старите водоводни линии, кои се азбест цементни и тоа доведувало до чести дефекти на овие линии.  Недоработените приклучоци допринеле во моментов во функција да бидат и старите и новите водоводни линии  - изјави Стојанов. 

Тој најавува дека во пареднито епридо овој проблем ќе се разреши, но притоа ќе оима повторнао раскопувње на улкиц и прекини во водоснабдувањето. 

Сеуште има приклучоци што не се поврзани на новите линии, односно не биле претходно испланирани, и тие се наоѓаат на различни улици од реонот. Поради приклучување на заостанатите приклучоци -кои се моментално на старата линија, во наредниот период ќе има прекини на водоснабдувањето. Односно, во наредниот период  ЈКП Дервен мора повторно да ги раскопува улиците и во моментот на приклучување да го прекинува водоснабдувањето. За разлика од досега, ова ќе се врши улица по улица, за да не се повторат претходните грешки, и очекувам овие работни активности да завршат во најбрз можен рок - порача Стојанов.  

фото: архива

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал?

  • Аргентина
  • Англија
  • Англија
  • Бразил
  • Белгија
  • Германија
  • Португалија
  • Русија
  • Србија
  • Уругвај
  • Франција
  • Хрватска
  • Шпанија
  • некој друг
Резултати