Игнатов 23-ти, Петрушев 24-ти на ЕП за млади категории, во кајак на диви води слалом

Петар Печков

Вчера, во неделата младите македонски кајак репрезентативци, велешаните  Христијан Игнатов и Ангелче Петрушев возеа во полуфиналето на ЕП за млади категории во слалом, кајак на диви води.   Игнатов во возрасната категорија У-23 во К-1 се пласираше на 23-то место од 30 учесници со заостаток до 24, 97 секунди зад најдобриот додека Петрушев  кај јуниорите беше 24-ти со 20,60 заостаток. Кај јуниорите европски првак стана Русинот Смирнов а кај У-23 Австриецот Лејнтер.  Првенството се одржа во Краков, Полска, на патеката Колна.   

Со убедливи 3:0, фудбалерите на Борец загубија на гостувањето во Скопје, кај екипата на ФК Шкупи, од 8-то коло на Прваа лига. Домашните победија со головите на Дарбое од пенал во 53` и 72` и на Адеми во 84-тата. Овој пораз управата на велешкиот прволигаш со остра реакција, поразот  го препиша на судијата  Крумислав Геoргиев и двата негови досудени пенали. По ова коло ФК Борец 1919 е петти со 12 бода, следното коло се игра на 18-ти октомври а на Градски во Велс гостува екипата на ФК Македонија Ѓ.П. која е четврта со 16 бода.

Фудбалерките на ЖФК Борец на гостувањето во Тетово загубија со 3:1 од екипата на ЖФК Љуботен кој беше осмо пласирана со девет бода. По ова осмо коло велешанки се  11-ти со седум бода. Во следното коло ја пречекуваат екипата на ЖФК Скопје 2014, која го дели врвот  на табелата со по 21 бод со екипата на ЖФК Деспина.

Пингпонгарите на Борец ТМ овој викенд забележаа два порази во Првата лига, загубија од  составот на Крушево, кој како и велешани имаше една победа  и од водечкиот Мултитекс кој нема пораз,  двете со по 2:4. По ова седмо коло Борец ТИМ е седми со осум бода и една победа.  Во следниот круг, на двете средби велешани играат со екипа ан Рисови, која е петта со пет победи и 12 бода, и  со Пошта 2, кој е едно место погоре од Борец со де победи и девет бода.

Започнаа и натпреварите од Првата ракометна лига, каде настапува и велешки РК Борец во групата А. Сите натпревари од првото коло се игра во Кичево, а велешани играа со  РК Јехона и загубија со 33:35, полувреме 13:13. Во следното коло се игра во Гостивар, а РК Борец игра со РК  Кичево .

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати