Извидниците поставуваа планинарски патокази по Азот

Петар Печков

На патеката наречена ,,Нова Македонија изминатиот викенд беа поставени патокази, откако претходно  беше означена и   маркирана. Ова беше активност на Извидничкиот одред ,,Димитар Влахов,, од Велес.

Освен патокази поставени се и инфо табли и  мапи со кои се мапираат предвидените  рекреативни, пешачки и планинарски патеки.

Патеката наречена  Нова Македонија  е на релација с. Голозинци – с. Лисиче – Хидросистем Лисиче – Горно Врановци  и е во должина од 16  километри.

Паралелно со оваа патека се поставуваат и патокази на обележаните  и маркираните   четири патеки во регионот на селото Мокрени и тоа: Богомила- Планинарски дом с. Мокрени манастирот „Св.Спас“ с. Мокрени, Планинарски дом с. Мокрени -врв Биса- Планинарски дом с. Мокрени, Теово – Мокрени.

Со ова придонесуваме во промоцијата на  убавините на  Централна Македонија – реонот на Азот - велат од ИО Димитар Влахов од Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати