Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 мај 2025
Три деца, едно на 18 години од Велес и двајца малолетници од кавадарчко и од Свети Николе, во една вечер оштетителе шест автомобили во една вечер. Полицијата објави дека ги открила сторителите.
„На 18.05.2025 во 04.30 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Л.Н.(18 год) од Велес, малолетник од село Глишиќ, кавадаречко и малолетник од Свети Николе поради основи на сомнение дека во текот на ноќта извршиле оштетување на патнички возила „мерцедес“ сопственост на А.П.(50 год), „ауди“ сопственост на Т.Ј.(40год), „тојота“ сопственост на Р.Ј.(51 год), „форд“ сопственост на Ј.С.(43 год), „сеат“ сопственост на П.Д.(51 год) и „форд“ сопственост на И.Т.(37 год), сите од Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.