Два пожари за два дена, причинета значителна материјална штета

Петар Печков

Територијалната противпожарна единица од Велес, викендов имал две интервенции, во случаи каде има материјална штета.

.„На ден 11.05.2025 во 00:05 примена дојава за запалена куќа во населба Речани. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно  против пожарно  возило и четворица пожарникари спасители. По пристигнување на лице место констатирано е дека гори спрат од куќа и пристапено е кон негово гасење. Причинета е материјална штета“ – соопштија од велешката противпожарна едница.  Огнот бил локализиран во 13ч.

За овој пожар информираа и од велешката полиција

.„На 11.05.2025 во 00.55 часот, во СВР Велес, било пријавено дека во куќа во населба Речани во Велес, сопственост на М.С.(45 год), настанал пожар. Повредени лица нема“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во саботата е регистиран пожар во селто Капиново, општина Чашка, на викенд куќа која е целосно изгорена.

„На ден 10.05.2025 во 10:30 примена е дојава за запалена викенд куќа пред село Капиново. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 ппротив пожарно возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот беше затекнат во развиена фаза по што е пристапено со гасење на пожарот. Причинета е голема материјална штета но во пожарот нема повредени“ - соопштија од ТППЕ Велес.

„На 10.05.2025 во 10.35 часот, во СВР Велес, било пријавено дека во близина на село Капиново, општина Чашка, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Д.Ј.(32 год) од Скопје. Повредени лица нема“ - информираа од МВР.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати