ОЈО Велес поднесе обвинение за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет

Петар Печков

Основното Јавно обвинителство Велес поднесе обвинение за физичко лице и правен субјект, за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет во Велес. По извршените градежно вештачење, економско и електротехничко вештачење, извршениот  распит на лицата и и обезбедената  документација за работните машини, ОЈО Велес до Основен суд Велес го поднел обвинението.

„Поднесен е Обвинителен акт за едно физичко лице и Обвинителен предлог за правното лице кое вршело ископ на градежната јама спротивно на прописите за градење. Обвинението за физичкото лице е за - Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 289, а за правното лице за - Предизвикување опасност при градежни работи од член 289 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“ – одговорија од ОЈО Велес на поставеното прашање, дали заврши истрагата за овој предмет.

Од ОЈО Велес додаваат дека обвинението е во фаза на оценка пред Основен суд Велес.  Локалната власт по  паѓањето на зградата кое се случи на 17 јуни 2022 година, со  писмено соопштение се обрати до јавноста,  откако  нејзините служби извршиле увид во овој предмет.  

„Службите на Општина Велес извршија увид во целокупната постапка за добивање одобрение за градба, каде е констатирано дека се запазени сите правни процедури. Утврден е пропуст во текот на постапката за добивање на одобрение за отстранување на постоечки објект, односно по доставеното барање од страна на инвеститорот истото не е издадено од Општината поради чекање на потребните согласности. Самиот инвеститор своеволно започнал со рушење без да добие одобрение“- пишуваше во соопштението. Локалната власт му издала одобрение за градба во март 2022, но не и одобрение за рушење.

Зградата на Работничкиот универзитет во Велес  е стара еден век, изградена околу 1920-та година. Таа ги преживеела бомбардирањата на Германците во април 1941, за да потоа биде нивен штаб се до есента 1944. Останала недопрена и сојузничките бомбардирање  во пролетта 1944-та, но и при гранатирањето  за ослободувањето на Велес во ноември 1944.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати