Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 април 2025
На забава во Велес, по полноќ велешката полиција пронашла малолетници, кои биле послужувани со алкохол. Полицијата не прецизира дали е угостителски објект, туку е објект во кој се организирала забавата.
„На 21.04.2025 во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола во објект во Велес, во кој се одржувала забава организирана од И.Н.(18 год) од Лозово. При контролата било констатирано дека во објектот има малолетници после 24 часот, од кои дел консумирале алкохол. Известен бил јавен обвинител, а малолетниците биле предадени на родителите“ – информриа Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Нема ниту информација колку малолетници биле затекнати во објектот. По целосно документирање на настанот, полицијата најавува дека ќе поднесе соодветни поднесоци.
фото илустрација