Петар Печков
Објавено: вторник, 24 јуни 2025
Ликовниот уметник Филип Фидановски ги оживеа десетина делата, скици и цртежи на Пабло Пикасо, во 3Д димензија. Со нив се претставува во Ликовниот салон во Велес, на изложбата насловена „Пикасо, можеби јас 2“. И двете изложби се во керамика.
„Оваа изложба е поразлична од претходната. Првата беше женски портрети, од синтетичкиот кубизам на Пикасо, 2016 година. Сега работев по скици, кои се малку познати во јавноста, како негови дела. Таа е плод на мојот престој во Шпанија и Франција 2018 година и истражувањата кои ги реализирав“ – кажа авторот Фидановски.
Тој најавив дека работи на изложба Пикасо 3. Изложбата е реализирана со помош на Шпанската амбасада во Скопје.
„Делата на Фидановски ни дозволуваат да го повториме Пикасо, и да дадеме ново читање. Тие секогаш даваат нешто ново, македонско читање во опусот на шпанскиот автор Пикасо“- порача Рафаел Сориано, амбасдор на Кралството Шпанија во Скопје.
Сите дела имаат легенди и фотографија од која авторот бил инспириран да создаде 3Д керамика.
„Оваа изложба не е само инспирација, туку лична реинтерпретација на Пикасо. Има два типа кубизам, аналитички кој ја разградува формата и синтетички во кој се гради формата. Филип покажува дека постои тридимензионалан фирма Сите претставени дела потекнуваат од дводимензионални цртежи или слики на Пикасо“ – рече Кирил Пенушливски, куратор на изложбата, истричар на уметност.