Изложба „На Земјата ѕвезди, на небото светулки“ со дела од Катерина Поп Арсова

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес поставена е изложбата „На Земјата ѕвезди, на небото светулки“  на дела од академската сликарка Катерина Поп-Арсова од Скопје. Пред јавноста во Велес се претставува со 25 дела изработени акрил на платно. Повеќето се од изложбата во Скопје а десетина се ново создадени. Во делата преовладува сината боја.  Во своето творештво таа ја негува природата како главна инспирација, а својот ликовен израз го определува како магичен реализам.

Во нејзините дела пејзажот станува повеќе од приказ на природата — станува простор на сеќавање и внатрешно доживување. Планините, ноќните предели, ѕвездите и светулките создаваат мистичен свет во кој се преплетуваат земното и небесното, а особено место има Богомила, која за уметницата е силен извор на инспирација.

Катерина Поп-Арсова дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика, со конзервација и реставрација, во класата на проф. Димитар Малиданов

фото Народен музеј Велес 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати