Имаше проблеми со трката за Рацин затоа го сменивме организаторот, како содржина на Рациновите средби, кажа градоначалникот Колев

Петар Печков

Како советничко прашање на седницата, Анета Стаиќ од Левица го праша градоначалникот Колев за организацијата на „Трчаме за Рацин“ и реакциите на организаторот Трајче Илијевски и АК Борец дека му е нерагуларно одземена.    

Во одговорот Колев рече дека тешка била комуникацииата со организаторот, сакал мирно да се разделат, тој  на сите прозивки досега не регирал, па  на ова прашање  сака  да каже што се случувало.

„Лани пред одржувањето на трката за Рацин, дојдоа организаторите и кажаа дека се откажуваат,  трка нема да има оти немале доволно пари.  Од 300.000 ја зголемив на 400.000 денари, плус да се даде обврска на комуналното за чистење на патеката, градежните фирми да постават знаци, сообраќајните проекти кон МВР да ги платиме. Техничкиот организатор не сработи ништо, се беше на грбот на општината.  По завршувањето лани, решивме повеќе АК Борец да не биде организатор туку ќе бараме друг.  За датумот на трката дознававме од социјалните мрежи, ние финансиравме но ништо не знаевме. Лани се случи датумот на трката да биде истовремено со финалето на Спортските игри. Има ли капацитет градот во организациски смисла тоа да го издржи, па трчав да се променат датумите. Уште пред два три месеци, ликовите кои беа во организацијата знаеја дека нема да бидат организатори. Јавноста треба да знае дека на почеток во организацијата беа 20 лица, за да падне на 2-3 имиња. Првите години даваа донации одредени спонзори, лани одлучиле не, откажаа поради односот на тие неколку луѓе од органзиаторите.. Годинава трката решиле да  се трча на 30 мај, на финале на Лига на шампиони, кога истовремено локалната власт организира заедничко следење во Младински парк. Па после го сменија датумот“ – кажа Колев. 

Објасни дека последните две години како организатор бил АК Борец без одлука на комиисијата, поради тоа што беа изборни години.

фото Општина Велес 

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати