И Велес трча за Кочани, на 25 мај

Петар Печков

Недела на 25 мај, Велес, заедно со уште шест други градови од Македонија ќе биде дел од  трката за Кочани. Неа ја организира Јуроп хаус Велес.  Серијата трки „СИТЕ ЗА КОЧАНИ ‒ ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“  е дел од хуманитарната иницијатива по повод Денот на Европа 9 мај.

„Оваа година, на 25 мај, истовремено, во 7 града се случуваат 7 трки со една цел! Имате можност да покажете хуманост донирајќи на Црвениот крст, каде што сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите од Кочани“ – соопштија организаторите.
 
Тие потенцираат дена со масовно присуство, на самиот ден на трката во должина од 5км.  во  Градскиот парк, треба да се испрати порака дека жртвите и настраданите од Кочани не се заборавени и сами.

„Без разлика дали сте рекреативци, спортисти или професионални тркачи, млади или стари - ова е вашата можност да трчаме заедно, да покажете солидарност и да ги поддржите оние на кои им е потребна помош“ – велат организаторите.

Стартот на трката е во 10ч. Таа освен во Велес ќе се одржува и во Крива Паланка, Струмица, Струга, Тетово, Скопје и Битола. Дозволено е учество со дете во количка или со куче на поводник, но учесниците треба однапред да го известат организаторот и стартуваат од последниот ред.

„Секоја котизација е донација за Кочани преку Црвениот крст.Трките се погодни за сите, рекреативци, спортисти или аматери. Придружете ни се. Дојдете, заедно да истрчаме во знак на солидарност за Кочани!“ е пораката на организаторот.

Линк за пријава за Велес


Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати