И летово реките Тополка и Бабуна не се за капење, предупредија од Центарот за јавно здравје Велес

Петар Печков

Реките Тополка и Бабуна не се препорачуваат за капење, покажуваат резултатите од анализите на водите извршени од Центарот за јавно здравје Велес. Податоците се добиени по поставеното прашање за квалитетот на водите од овие реки. Водите се анализирани во месец јуни. Двете реки се планински и извираат од планината Јакупица. 

Така велешани летово освежување од високите температури можат да најдат само на Градскиот базен и базените од хотелите во околината на градот. Езерото Младост две години е забрането за капење. 


Река Тополка пред влив во Вардар близу Велес, според извршените испитувања и стручната анализа водата не може  да се користи за капење и рекреација на луѓето. Анализираниот примерок на вода бил во  5-та класа по  матност, на 3 -та класа по бактериска контаминација, сатурација и присуство на амонијак и нитрити, а по однос на останати испитани параметри е во  втора и  прва класа. 

Бабуна прва плажа, во долниот тек, каде летово бројни велешани се рекреираат не може  да се користи за капење и рекреација на луѓето. Оваа констатација на стручните лица од Центарот за јавно здравје Велес е по анализираниот примерок на вода кој бил  3-та класа по бактериска контаминација, со присуство на амонијак и манган, а по однос на останати испитани параметри е со втора и прва класа.

Неколку години не се мери квалитетот на реката Вардар низ Велес,  од Башино Село до вливот на Бабуна, бидејќи таа не се користи за капење од страна на велешани. 

Така иако имаат околу градот повеќе понуди за одмор и рекреација две планиснки реки, реката Вардар и езерото Младост, велешани не можат да ги користат за капење, бидејќи водата е загадена. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати