И натаму водата на езеро Младост не смее да се користи за капење и рекреација

Петар Печков

Локалната власт на Општина Велес го објави извештајот од тестирањето на здравствената безбедност на површинската вода на езеро Младост. Примероците се анализирани од вода на две плажи, Градска и пред хотел Романтик. Примероците се земени на 1 јули.

Како и во претходните анализи, надлежните од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес констатираат дека  водата е бактериолошки и со физичко-хемиски параметри кои одговараат на дозволените вредности. 

Но и натаму е клучна констатацијата, дека е потребно да се испита дали во водата на акумулацијата има цијанобактерии и цијано токсини.   Во продолжение интегрално извештаите за анализата на водите од двете плажи, кои се дел од годишната програма за работа на ЦЈЗ.  

Градска плажа 

Во однос на микробиолошките индикатори е оценета ДОБРА, а по однос на физичко хемиските параметри одговара на 5-та класа присутна матност, 3-та класа по присуство на амонијак и сув остаток. По однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. ВАЖНО : од извршениот санитарно хигиенски увид на Езеро Младост се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата. Водата НЕ СМЕЕ да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијано бактерии и не содржи ЦИЈАНОТОКСИНИ

Плажа хотел Романтик 

По микробиолошките индикатори е оценета ДОБРА, а по однос на физичко хемиските параметри одговара на 5-та класа присутна матност, 3-та класа по присуство на амонијак и сув остаток. По однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. ВАЖНО : од извршениот санитарно -хигиенски увид на Езеро Младост се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата. Водата НЕ СМЕЕ да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијано бактерии и не содржи ЦИЈАНОТОКСИНИ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати