И повторно сеча на дрвјата долж Битолска пруга

Петар Печков

Деновиве жителите на Велес во близина на Општинската зграда  беа сведоци дека повторно  се исекоа дрвјата по Битолска пруга. Чудно е  што  ова се случува втор пат годинава, првиот беше пролетва и сега во септември.

Со години живеам тука и до пред некоја никогаш не се сечеле дрвјата. Почнаа да им пречат па  напролет ги  сечат. Но ова е неверојатно,  ги исекоа и есенва, иако таа уште не е дојдена. Толку ли им  перчи оваа вегетација, што мроа д се сече. Толку ли се опасни овие мали дрвја –багреми – велат сведоците на оваа сеча.

Македонски железници превентивно ги сече дрвјата по долината на пругата, заради безбедносни  причини и да не се оштетуваат парничките вагони, пред се новите кинески.

Бидејќи 50 метри од  пругата поради важноста е префрлен на МЖ, тие не треба да бараат ниту да пријавуваат до надлежните во Општината  дека ќе сечат.  Така таман летово израснаа нови багреми, деновиве тие се исекоа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати