И реката Тополка и населбата Превалец побелеа

Петар Печков

 Неделава во два наврати реката Тополка и воздухот во населбата Превалец побелеле. И жителите  на населбата и  Локалната власт реагира за загадувањето кое според нив го создава  Варницата во населбата Превалец.  Овој проблем со месеци е актуелен, но засега нема реакции од надлежното Министерство и инспекторат.  

 Лично бев сведок кога во вторникот  реката беше бела, како каша.  Не знам од што може толку да се замати и дали воопшто во неа има жив свет. Мене ме  зачудува податокот кој го добив од надлежните општински служби, дека ,,А,, интегрираната дозвола за работа на Варницата, со која стопанисува фирмата ,,Техно павер,, од Скопје, Министерството ја одзело а фабриката работи. Зошто надлежните од Министерството за животна средина и инспекторатот ништо не преземаат. Нивното молчење ме загрижува- кажа градоначалникот Коцевски. 

Додаде дека тие како општина не се надлежни  за ,,А,, инсталации,  дека за нив е надлежна државата, но прават се за да фабриката работи но  да не загадува.  Констатира дека деновиве имало и облак со прашина, кој го загадува воздухот во населба Превалец и населбата Тунел за што жителите жестоко реагирале.

На трибина која пролетта се одржа за работата на Фабриката за вар , за прв пат во јавноста се јави претставник на Варницата Превалец, кој тврдеше дека  белиот облак кој се јавува над неа е водена пареа и не е опасност по граѓаните, што ги револтираше присутните.   

Надлежниот државен инспектор за Велес  пак изјави дека при негова контрола во фабриката бил физички нападнат од вработен а директорот му се заканувал, па подоцна контролата на Варницата  ја презел колега од друг град.   

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати