И сабота по лична карта, пасош и возачка

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес ги известува граѓаните дека согласно заклучокот на Владата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи Велес - Одделението за управни работи Велес во иднина ќе работи секоја прва сабота во месецот во времето од 08,30-16,30час.

За таа цел ги информиаме граѓаните дека секоја прва сабота во месецот ќе можат да се обратат во Одделението за управни работи и поднесат барање за издавање лични документи  (лични карти, патни исправи и возачки дозволи).

  Со оглед на фактот дека првата сабота во месец Април се поклопи со празникот Велигден, наместо 03.04.2010година Одделението за управни работи Велес ќе работи на ден 10.04.2010година. А бидјеќи 30-ти март беше неработен поради Денот на дрвото, тие ќе работат и сабота на 17-ти април.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати