И ова лето електричните велосипеди, набавени со средства од ЕУ, останаа неупотребувани

Петар Печков

Наспроти најавите дека ова лето електричните велосипеди, дадени на користење на ЈП Парк спорт (ЈППСП)  ќе бидат во функција, тоа не се случи.   

Согласно Одлуката за предавање на основни средства — електрични велосипеди, пролетта ЈППСП најави дека тие ќе може да се користат од две локации, електричните велосипеди остана во холот на спортската сала Гемиџии.  

„Со цел да пронајдеме можност да ги ставиме во употреба овие 20 електрични велосипеди, до Советот на Општина Велес доставивме  План и програма за работа и изнајмување на електричните велосипеди за 2023 година, за начинот на користење на и за употреба до страна на граѓаните и сите посетителите на езеро Младост. Овој план и програма Советот на Општина Велес на својата седница од 26.05.2023 година го усвои. Поради тоа што од Општина Велес не добивме одговор и не добивме финансиски средства кои ние беа одобрени од Советот, на 26. 06. 2023 поднесевме  Барање за одржување на електричните велосипеди со иницијатива за бесплатно  изнајмување на електричните велосипеди со цел нивна промоција, со претходно задолжително сервисирање, оти две години не беа користени. До сега  средства од Општина Велес нема добиено, па ЈП ПСП нема можност за реализирање на овој план и програма“ - соопштија од ЈП ПСП.   

Инвестицијата за набавка на 20 електрични велосипеди  беше  во вредност од 2,7 милиони денари, вклучува смарт брави за заклучување, софтверско решение и апликација за корисниците. Средствата беа обезбедени од грант на ЕУ во рамките на проектот „Паметно езеро Младост“.  Беа набавени во септември 2021 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати