Петар Печков
Објавено: четврток, 08 мај 2025
Кошаркарите на КК Борец баскет со пораз на домашен терен се елиминирани од ¼ финалето на разигрувањето за пласман во Првата лига. Загубија од КК Ангели со убедливи 64:83 и со две победи скопјани одат понатаму, во полуфиналето. Од овој натпревар ќе остане запомнат кошот на Петар Виларов, од кош на кош. Со овој пораз за велешани заврши натпеварувачката сезона 2024/25.
Во ¼ финалето на Општинскиот Куп се одигра последниот напревар во кој се сретнаа ФК Бузлакова- ФК Тополка и славеа домаќините со 1:0. Претходно ФК Младост ја совлада ФК Форца нова со 1:0, ФК Локомотива службено со 3:0 го доби натпреварот со ФК Чашка, кој се откажа од натпреварите а ФК Горски на гости го совлада ФК Врановци со 3:4. Во полуфиналето следната среда/четврток ќе играат ФК Младост – ФК Локомотива и ФК Бузалкова –ФК Младост. Победниците ќе играат во финалето кое е закажано за 21 мај на Градски.