Петар Печков
Објавено: среда, 08 октомври 2025
KMФ Кеги моби најавува амбиции за највисок пласман. Претстојната футсал сезона 2025/26 клубот во друштвото на 10-те клуба на Првата лига, подготви екипа за врвот. Првенството започнува на 24 октомври.
„Започнуваме со подготовки и со јасна цел пред нас – оваа година одиме до крај и се бориме за титулата! Тимот е подготвен, мотивацијата е на највисоко ниво, а атмосферата во екипата ветува големи нешта! Со нови засилувања и максимална посветеност, веруваме дека оваа сезона ќе биде посебна“- порачаа од клубот.
КМФ Кеги моби ги претстави и новите имиња во клубот, засилувањата. Иван Стојановски актуелен репрезентативен голман на Македонија во футсал, уште еден актуелен репрезентативец Стефан Димовски, се враќаат во матичниот клуб велешаните Александар Михајлов, Димче Андов и Петар Левков, двајца млади надежни футсал играчи од КМФ Овче Поле Иван Наунов и Марио Панев. Верноста кон клубот ја продолжија Трајче Трајков, Ангелче Гаштев, Бобан Дукадиновски, Марјан Трпков, Филип Драскачев, Адил Адиловиќ, Стефан Михајлов, Кирил Ивановски. Како и најмладите кои преминаа во првиот состав Александар Костов и Матеј Панов.