Петар Печков
Објавено: четврток, 30 април 2026
Футсал екипата на КМФ Прокет од Јосифово го освои Купот, откако вчеравечер во финалето го совлада велешки КМФ Кеги моби со 8:3 (1:5). Со оваа победа КМФ Проект ја освои двојната круна, откако пред три кола со победата во Велeс ја освои и шампионската титула.
Тие оваа сезона немаат пораз. Натпреварот помина во доминација на КМФ Проект. И велешани имаа свои шанси при 0:0, но стрелците не беа прецизни., Тие реагираа при постигнувањето на вториот гол , кога претходно фудбал на КМФ Кеги моби беше фаулиран, но судиите не санкционираа.
По завршувањето на финалето, кое се играше во Гевгелија во салта 26 април, од клубот порачаа
„Ова не е крај — ова е само почеток на нешто поголемо. Се враќаме посилни, погладни и помотивирани од било кога“.
Купот во футсал во два наврати беше освоен од екипа од Велес. Во 2011 од КМФ Дени комерц и во 2017 КМФ Велес.
До крајот на сезоната 2025/26 КМФ Кеги моби треба да одигра уште еден првенствен натпревар од Првата лига за да го осигура вицешампионското место. Дома во салата „Гемиџии“ играат со КМФ Шкупи.
фото КМФ Кеги моби
