Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 февруари 2024
Кавадарчанец со автомобилот излетал од пат и од здобиените повреди починал. Сообраќајката се случила на пладне, кај мотел Македонија, на автопатот Скопје - Градско.
„Денеска 12 февруари во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство" , во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко, патничко возило ,,фолксваген голф" со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44 год) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Прва на местото на настанот дошла екипа на Итаната помош од Велес.
„Во 11.05 добивме повик за повредено лцие на автопат. Кога стигнавме на лице место повредениот имаше обилно крвавење од глава. Му дадовме неопходна помош и го префрливме на хируршки амбуланти при Општа Болница Велес“ - кажа . д-р Ќани Амзил од Итаната помош.
„Во 11,30 донесено е повредено лице, пристапено е на санирање на повредите и крвавењето и поради тежината на повредите е пренесено итно на Клинички во Скопје“ - изјави Марина Андова портпарол на Општа Болница Велес.
Иако возачот со автомобилот возел во правец на автопатот Скопје - Неготино, по ударот во заштитна ограда и карамболот, тој се извртел во спротивен правец. Моторот бил излетан од автомобилот десетина метри подалеку.
„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт“ - додаде Ѓаковска.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.