Кајакарот Ангелче Петрушев по трет пат спортист на Велес (видео)

Петар Печков

Кајакарот Ангелче Петрушев е спортист на Велес за 2024 година. Освоеното 6 место на Европското првенство во Словенија, на патеката Тацен  Љубљана, највисок пласман на еден македонски репрезентатиvец кајакар на големо натпревaрување, одлучи токму нему да му пропадне  по трет пат, ова престижно признание, кое го освои и пред две години 2022 година но и во 2019-та.

На второто место се пласираше влеосипедистот Кристијан Ванчевски- државен првак во друмски велосипедизам, трето за ракометарот Илица Илиев, потоа следат Кристијан Лазаров – кајак спуст, Ели Панова стреличарство, Васко Николов –одбојкар, Виктор Ванчевски велосипедизам, Стефан Филипoвскi фудбалер ФК Борец, Стефан Риbарски кајакар ККК Вардар , Трајче Илијевски атлетичар АК Борец.

Екипа на годината е МВК Велес- сенорски пбедник на ранг листа на Велосипедската федерација во друмски велосипедизам, пред РК Бисинов и трето место за ККК Вардар.  Тренер во сениорска конкуrенција е Димче Стефановски ККК Вардар.

Кај младинските категории во екипни спортови победи ККК Вардар, второ e ГОК Борец и третото за ККК Арка Борец.  Во младинска конкуренциај тренер е Христијан Николов од МКВ Велес. 

Фудбалерката Ленче Андреевска е амбасадор на велешкиот спорт, таа е членка на македонската репрезентација и настапува во клуб во Турција кој игра во  тамошната Супер лига.

Посебно признание за придонес за спортот доби Илија Чупоски, како основач на ФК Македонско сонце, на велоспедската трка Димитрија Чуповски -денешен Трофеј на Велес и поранешен претседатeл нa КМВ Велес.

Посебно признание за финансиsко помагање, спонзорирање на спртот доби Горан Лазов директор на Маслодајна за спонзорството на боречкиот клуб.
Признание за традиционални вредности за Вардарската регата кога годинава доплови за прв пат до Солун.
Најдобра спортска манифестација е Трката од серијата на Светскиот куп во спуст на диви води ан ККК Арка  Борец кога во Велес го организираше 1-то и 2-то коло од Светскиот куп . Исто признание доби организаторот на Спортските игри за Дематели инвест  груп.
Најдобар судија е Раде Стефановски. в
Постхумно признание доби ракометарот Ристе Велковски.

Се поделија и признанија од училиштниот спорт. Кај средните училишта Гимназијата Кочо Рацин и професорот од ова уличиште Зоран Јованоски, Кај основните ОУ Блаже Конески и професорот Лазо Радевски од ОУ Васил Главинов.

На листата на младинци се наоѓаат (по азбучен ред): Андреј Арсов атлетика, Марко Варналиев – кајак диви води –слалом,  Олег Дејановски мото крос,  Марко Димовски –карате, Илија Ѓорѓиев кајак слалом диви води, Антонио Заров –ракомeт, Сара Јовевска женски фудбал, Левче Картинов –борење,   Маријан Климкаров кошаркар, Костадин Коцев- БЏЏ Будо,  Дарис Мемиќ пингпонгар, Јана Митровска карате, Хрисијан Николиќ велосипедизам, Марија Пановска карате, Марија Прпева –тенис,  Ања Трајкова одбојкарка, Андреј Цилаков –одбојка.

За забава на присутните на бродот Панини, каде се случуваше настанот, беше задолжен велешкиот музичар Никица. Организатор на изборот беше Сојузот на спортови на Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати