Петар Печков
Објавено: петок, 11 јули 2025
Велешанецот Ангел Петрушев е 20 младинец во светот, пласман кој го реализираше на Светското првенство за млади категории, во кајак на диви води -слалом, кое се одржува во Франција, на патеката Фоа.
Тој во дисциплината К-1 во вторникот, во квалифакциите беше 22-ри од 85 учесници, на возраст до 23 години. Овој пласман му овозможи да весла во полуфиналето, меѓу 30-те најдобри. Во оваа трка веслаше за 20-то место, со заостаток од 9,2 секунди зад најдобриот. Ако и во оваа трка беше со време како во квалификациите, ќе си обезебдеше пласман во полуфиналето. Светски првак во оваа дисциплина стана Французинот Титоан Кастрик.
До крајот на сезоната Петрушев ќе учествува и на Европското сениорско првенство за млади категории, кое ќе се одржи на патеката Солкан во Словенија од 30/07-03/08. Светското сениорско првенство се одржува во Австралија.