Кај затвореник во затворот во Велес, пронајдени мобилни и дрога

Петар Печков

Кај затвореник во затворот во Велес пронајдена дрога, мобилни и дигитална вага. По ова лицето  е префрлено во затворот во Идризово. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 26 октомври од отворено одделение Велес при Казнено поправна установа Затвор- Идризово, било пријавено дека околу 17 часот при преглед на А.С.(34 год) од Велес, осудено лице кое издржувало мерка во установата, биле пронајдени дигитална вага, пакување со жолта прашкаста материја и два мобилни телефони, кои од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес биле одземени. Од страна на полициски службеници од затворска полиција, А.С. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор-Идризово за доиздржување на казната“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по чл. 215 од КЗ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати