Ковид-19 го откажа Фолклорниот фестивал и Фестивалот на античка драма

Петар Печков

Меѓународниот фолклорен фестивал Велес и  фестивалот на античка драма  Стоби  ова лето нема да се организираат.  Поради состојбата со пандемијата со ковид-19, локалната власт ги откажа овие две манифестации. 

Премногу е доцна било што да се организира, забрането е присуство на толкав број луѓе, масовно присуство, затворени граници, ансамблите  не можат да патуваат, држење растојание. Тоа се сериозни настани со голем број присутни, голем број учесници, кои во ова време не се одржливи - изјави градоначалникот Аце Коцевски.

Средствата кои беа наменети  од општинскиот Буџет за организација на овие манифестации се пренаменети  за изградба и санација на  градежната инфраструктура.     

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати