Кои природни чешми во Велес и селата, се со неисправна вода за пиење, кои селски водоводи сe co неисправна вода

Петар Печков

Во селата каде што водоснабдувањето е со водоводи, има разлика од водоводи каде водата не е хлорирана и водоводи со кои стопанисува ЈКП Дервен, кои се под контрола. Голема е разликата од бактериолошка неисправност. Кај првите  каде водата е нехлорирана е 62 отсто неисправна вода, а кај вторите  кои се управувани од ЈКП Дервен е  29 отсто неисправна вода.  
„Во однос на квалитетот на природните чешми, во однос на физичко – хемиските испитувања најчеста неисправност  е присутност на нитрати во водата на вредности над дозволените и матност .  Исто и кај водоводите кои не се хлорираат наоѓаме физичко –хемиска неисправност.  Кај бактериолошкото загадување се регистрирани ешерихија коли и колиформни бактерии, кои се индикатор на фекално загадување. Овие бактерии се предизвикувачи  за цревни заразни болести.  Тоа се патогени бактерии, кои кај некои лица се јавуваат знаци на цревни заболувања, кај други не“ –кажа  д-р Снежана Петрова специјалист по хигиена, од Центарот за јавно здравје.

Природните чешми се несигурни, со непостојан квалитет,  со висок процент на бактериолошко, физичко-хемиска неисправност. Граѓаните ги користат во летниот период, и покрај тоа што  на овие чешми се поставени табли дека водата не е безбедна за пиење.  Одговорноста е на граѓаните, дека и покрај предупредувањето тие ја користат.

Селските водоводи и природни чешми се загадени, резултат на санитарно –техничка небезбедност на водовдите, нестручно стопансување со истите. И треба да се дадат на овластена стручна организација.  

„Чешмата во Башино Село последните години беше повеќе неисправна отколку исправна.  Не знам што се случува таму. Лани било 7/3, квалиетот непостојан, затоа и се постави табла. Ама до вечерта некој ја искрши . Сепак е до свеста, можеме да укажеме, да предупредиме, но не можеме со сила да ги сопреме да не ја пијат таа вода“ – вели д-р Петрова.

Состојбата со природните чешми во Велес
Шорка 6 контроли/3 неисправни опити
Љубљнска  бр.65    2/2
Тодор Јанев бр.75  2/1
Тодор Јанев на рид 2/2
Бојаџиина 2/2
Петрова-нема
Пузево трло 2/2
Штипска пруга 1/1
Св. Пантелејмон 1/1/
Чука 2/2
Вкупно 20контроли/16 слулчаи неисправна   80%  бактериолошки

 
Состојба  со селски водоводи
Иванковци водовод со хлорирање  -4/4 неисправни
Кумарино –физички-хемиски неисправна
Природна чешма                      -4/3
Башино село водовод без хлорирање 1/1 бактериолошка
   Природна чешма 7/3 43%  непостојаност
Бузалково бунар  училиште  3/2
   Природни чешми две 5/5
Раштани водовод без  хлорирање 4/4
   Природна чешма 9/9
Чолошово природна чешма 1/1
Сливник чешма во дол 1/1
Отовица градски водовод 4/1
Караслари три природни чешми 6/6
Мамутчево природни чешми 4/4
Црквино водовод со хлорирање 4/2
    Природни чешми четири 9/3
Горно Оризари природна чешма  1/1

Вкупно водовод 35/12
Природни чешми и бунари 50/38

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати