Кои природни чешми во селата се со неисправна вода за пиење, каков е квалитетот на водата од селските водоводи

Петар Печков

Минатата година  Центарот за јавно здравје Велес  испитувал во 107  примероци на вода од селските водоводи и чешми. Во 31 случаи била физичко-хемиски неисправна и 48 пати бактериолошки неипсравна. 

Бузалково бунарот во круг на училиштето, три пати испитуван квалитетот на водата, три пати физичко-хемиско неисправна, два пати бактериолошко 
Испитувани се и двете природни чешми во селото, четири пати. Исто толку пати водата била бактериолошки неисправна.

Раштани, водовод без хлорирање четири пати испитуван, исто толку пати и физичко-хемиски и бактериолошки неисправен.
Трите природни чешми се испитани пет пати и пет пати биле бактериолошки неисправни
Испитувана била и водата на гробиштата кој била физичко-хемиски неисправна.

Челошово кој е поврзан на градски водовод, едно испитување, водата била исправна.
Единствената природна чешма имала едно испитување и тоа покажало дека бактериолошки е неисправна.

Сујаклари водовод без хлорирање, четири пати испитуван, два пати физичко-хемиски неисправна, еднаш бактериолошки неисправна

Сливник водовод без хлорирање три пати испитуван два пати физичко-хемиски неисправна, еднаш бактериолошки неисправна
Чешмата во долот еднаш е испитна и била бактериолошки неисправна

Отовица која се снабдува од градски водовод, од четири испитувања, еднаш била и бактериолошки и физичко-хемиски неисправна

Долно Караслари водовод со хлорирање шест пати испитувана, пет пати бактериолошки неисправна, четири пати физичко-хемиски неисправна.
Трите природни чешми осум пати биле испитувани, седум пати биле бактериолошки неисправна

Мамутчево водовод со хлорирање четири испитувања, по еднаш и бактериолошки и физичко-хемиски неисправна

Црквино водовод со хлорирање три испитувања, еднаш хемиско-физички неисправна
Четири природни чешми, пет пати испитувани, три пати бактериолошки неисправни

Горно Оризари кој се снабдува од градски водовод, од три испитувања еднаш физичко-хемиски неисправна
Двете природни чешми , испитувани еднаш, еднаш бактериолошки неисправна

Во два случаи испитани водите биле  за пиење  во села кои се снабдуваат преку природни чешми или бунари.

Ораовец еднаш и бактериолошки неисправна и Клуковец два пати испитана и два пати физичко-хемиски и бактериолошки неисправна.
Не се вршени контроли на природната чешма во Мамутчево, во Р`левци, ниту на водоводот со хлорирање во Р`левци.

Се испитувала и водата од селските водоводи и селските природни чешми. 
Иванковци водовод со хлорирање пет испитувања, четири пати физичко-хемиски неисправно, два пати бактериолошки неисправно. 
Трите природни чешми во Иванковци лани не се испитувани.

Кумарино водовод со хлорирање четири испитувања, четири пати физичко-хемиски неисправно, два пати бактериолошки неисправно. 
Едната природна чешма во Кумарино три пати е испитувана и има констатирано три пати била бактериолошки неисправна.

Башино село водовод без хлорирање два пати е испитуван, еднаш бил бактериолошки неисправен. Природната чешма среде село бил испитувана најмногу дури осум пати и три пати имало бактериолошка неисправност, што покажува непостојаност во квалитетот поради што не се препорачува за пиење.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати