Коловозот од ул. 8 Септември во центарот на градот ќе биде зона за пешаци, велосипеди и возила

Петар Печков

Привршува обновата на тротоарите на ул. 8 Септември од Сармаале до Коњаникот, со што ќе заврши првата фаза од сообраќајното уредување на центарот на Велес. Новината е што оваа улица во должина од стотина метри, не само што нема да биде затворена за сообраќај според привчното решение, туку ќе добие нова намена. Ќе биде со три различни зони.

 „Кога ќе се заврши реконструкцијата на тротоарите ќе се примени на едно ново, иновативно концептуално решение за реконструкција на самата улица. Целината од оваа асфалтна зона, од овој коловоз,  ќе биде поделен на три зони. Една ќе биде пешачка патека, втората ќе биде зона за движење на велосипеди, третата е за минување на возила во еден правец. Со ова решение ќе се редуцира сообраќајниот хаос и непрописното паркирања. Воедно централното градско подрачје ќе добие нов лик. Во пракса нема да има повеќе ниту едно паркирано возило на оваа делница. Овој нов концепт ги задоволува потребите на повеќе учесници во сообраќајот, со тоа што примарен е фокусот кон пешаците“ – кажа Марија Алчева, проект менаџер за сообраќајното  решение за централното градско подрачје.

Оваа улица ќе биде затворена за сообраќај во летниот период, или од следната година, во месеците јуни, јули и август во периодот од 18 до 3ч. Кога ќе биде затворена, ќе се пропуштаат специјални возила, полиција, брза помош, пожарна, некои возила на јавниот превоз. 

Кај јавноста остана дилемата, зошто деновиве се одбележа хоризонталната и вертикална сообраќајна сигнализација за  двонасочен сообраќај  по улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев кога не функционира забраната за сообраќај го главната улица. Двете улици го заобиколуваат центарот  и се паралелни на ул. 8 Септември а таа  и натаму ќе биде отворена за сообраќај, ќе биде затворена од следната година, навечер  преку лето.

Пректот за ново сообраќајно решение беше донесен со цел, Велес да добие пешачка зона во центарот на градот, бидејќи е единствен од поголемите градови кои нема таква зона. Но проектот доживеа повеќе промени, откако во пракса се увиде дека има сериозни недостатоци и создаде сообраќаен метеж и колони возила во центарот на градот. Тој е финансиран од средства на ЕУ во висина од 470.000 евра.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати