Конечно победа за ФК Башкими во петото коло на Третата лига Југ

Петар Печков

Се одигра петото коло од Трета  лгиа Југ.Фудбалерите на ФК Борец без победа на домашен терен, без голови 0:0 одиграа со ФК Росоман. 

Конечно победа и за ФК Башкими, на гостувањето во Прилеп против ФК Ултрaс, кој беше подобро пласиран  и тоа со 2:4  (0:0). По двете реми и двата порази, победа за составот од Горно Јаболчиште. 

Peми за екипата на ФК Превалец на гостувањето во крушевско против ФК Бучин  од истоименото село 1:1 (1:0). Во второто полувреме при резултат 1:1, фудбалерот на ФК Превалец Панев не реализира пенал за победа. 

Во шестото коло дербито  е помеѓу ФК Победа првопласирана и ФК Борец второпласиран, ФК Превалец кој е четврти игра дома со десетопласираниот  ФК Питу Гули од Крушево а ФК Башкими-осмопласиран, во Чашка игра  соседско дерби со седмопласираната ФК Победа од неготинско Пепелиште. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати