Конзервација на Крштелницата и на мермерните елементи од Крштелницата во Стоби (фото)

Петар Печков

Крштелницата во Епископската базилика и мозаичкиот под од средината на 5-от век на кој е илустриран 41-от Псалм на Давид, набргу по откривањето во 1971 г. станал најпрепознатливиот симбол на археолошкиот локалитет Стоби. Првите конзерваториски работи на мозаикот кои биле преземени набргу по откривањето, биле во согласност со тогашната пракса. Оттогаш не се преземени посериозни конзерваториски зафати, освен тековно одржување и превентивна заштита.

Во текот на овој долг временски период, атмосферските влијанија и влагата предизвикале сериозни оштетувања на подлогата од варов малтер што резултирало со отпаднати тесери, пропаѓање и девијации на мозаикот. Тесерите, особено оние изработени од црн камен се исто така прилично оштетени. Затоа, конзерваториските зафати на мозаикот беа  итни и неопходни со цел да се обнови неговата структурна стабилност и да се зачува.

 Проектот за конзервација и реставрација на познатиот мозаик со пауни во Крштелницата е подготвен пред неколку години. Работите на непосредна заштита започнаа во мај 2017 г., благодарение на Амбасадорскиот грант за заштита на културното наследство за 2016 г. Во проектот се вклучени шест конзерватори советници и помлади конзерватори, под раководство на Владимир Симеонов, овластен конзерватор за мозаик.

 Најпрвин мозаикот е исчистен од прашина и нечистотии. По деталната анализа, се означени деловите кои треба да се подигнат. Јани Антониев, конзерватор советник во Националниот конзерваториски центар е задолжен за т.н. сув ретуш, односно внимателна замена на оштетените темносиви и црни тесери.

Тимот работи на замена на цементниот малтер со кој биле пополнети лакуните на мозаикот во текот на конзерваториските зафати во 1970-тите години. Лакуните се оштетени делови на мозаикот каде тесерите сосема недостасуваат, состојба во која бил откриен. Лакуните вообичаено се пополнуваат со истиот малтер како и подлогата за мозаикот, но во минатото често бил употребуван цементен малтер. Бидејќи современата пракса се залага за употреба на автентични материјали, стариот малтер во лакуните мора да се замени со хидростатон варов малтер. 

Истовремено се работи и на  конзервација на мермерните елементи од  Крштелницата, Дванаестте  фрагментирани столбови и нивните елементи – бази, стебла и капители биле откриени во текот на истражувањата на Крштелницата во 1971 г. Шест помали столбови стоеле врз ѕидот на базенот за крштевање, а шест поголеми столбови биле поставени директно врз мозаичниот под веднаш до ѕидот на писцината. По документирањето, тие биле складирани на отворен простор во близина на Крштелницата, изложени на атмосферски влијанија, вегетација и аерозагадување.

Целта на проектот е да се изведат конзерваторско -реставраторски зафати на мермерните столбови, што подразбира неколку активности: чистење, составување на фрагментите, реставрација на деловите кои недостасуваат и анастилоза, односно поставување во нивната оригинална позиција.

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com