Коцевски вети пониска цена на водата за пиење (фото)

Петар Печков

Вчеравечер, предизборен митинг во Велес одржа коалицијата  на СДСМ. Беа претставени кандидатите за советници, носителот на листата и кандидатот за градоначалник.  

Аце Коцевски образложи зошто се решил да се кандидира за градоначалник, но  и вети намалување на цената на водата  за пиење за граѓаните а  за бизнис заедницата прифатливи цени за ѓубрарина.   

Голема чест е да се биде кандидат за градоначалник на СДСМ и неговата коалиција. Заедно со вас ќе ја исправиме големата неправда што мене и на Велес ни беше нанесена на претходните избори со силните притисоци, закани и уцени со што беше изиграна волјата на избирачите. Нашите противници, соочени со фактот дека ќе доживеат тежок пораз уште во првиот круг, со денови водат многу валкана, црна, нечесна кампања, што им е сламка за спас, преку блиските до нив медиуми и портали. Тие се може да ми простат, само успехот не. Но, тоа нема да им успее. Велешани добро знаат кој е кој. Добро знаат кој градел, а кој крадел. Уште одма сакам да ви кажам дека јас себеси се сметам за скромен и чесен човек, кој не злоупотребил ниту еден денар пари на општината. Стојам пред вас за да ви кажам дека совеста ми е чиста како солза. Никогаш не сум сакал, ниту сега сакам да бидам градоначалник заради лични интереси, финансиска и материјална корист. Затоа што чистиот образ нема цена. Затоа што честа и достоинството не можат да се купат со пари. Од најдобра, стана сосем просечна општина. Обременета со илјадници проблеми и нерешени прашања. Со огромни противзаконски создадени долгови до гуша, од 3 милиони евра, заради расипничкото трошење на народните пари и корупцијата, со што е поткопана финансиската стабилност на општината. Со огромна преврботеност и во општината и во ЈКП Дервен, не со стручни, компетентни, туку со партиски заслужни кадри. Велес денес е нечист, неуреден. Преполн е со комунален смет, поразен е и безпесперктивен. Велес се празни, затоа што многу наши сограѓани, заедно со своите семејства  се иселија во потрага по подобар живот.  Ете затоа не можам да седам на страна, да гледам сеир, да коментирам и да наоѓам маани, туку сакам да ви служам и со моето знаење, умеење и искуство  да помогнам, за  да ги смениме работите на добро. Промените се неопходни и нужни. За да се развива една општина потребно е знаење, лидерство, мудрост, одговорност и многу работа. На ваше барање ќе предложам намалување на цената на водата затоа што кредитот МЕАП е веќе вратен на Европската банка за обнова и развој. Исто така ќе предложам и пресметување на надоместокот за исфрлање на комуналниот смет да се наплаќа според реално исфрлените количини смет, а не како досега по м2, што ќе наиде на големо одобрување кај бизнис заедницата – рече Коцевски.

Прв пред граѓаните и симпатизерите  говореше д-р Ненад Коциќ, кој побара поддршка и вети подобар живот во Велес и  подобра инфраструктура.

Кандидатите на советничката листа се чесни, вредни и поштени велешани. Имаме советничка листа составена од сите националности кои живеат во Велес, со различна вероисповест, машки и женски, обединети заедно со една цел -создавање живот за сите во Велес.   Ветуваме подобра инфраструктура во урбаните и руралните средини и воведување ред во сообраќајот.  Ветуваме здрава и чиста животна средина. Ќе го решиме проблемот со кучињата-скитници, ќе правиме нови патишта, улици, канализации. Ќе ги обновуваме  старите, но ќе градиме и нови училишта, нови спортски терени и велосипедски патеки.  Ќе обезбедиме чиста и здрава вода за пиење за сите во општината, храна за ранливите групи на граѓани. Максимално ќе ги корстиме   алтернативните извори на енергија, ќе поставиме многу нови сончеви панели,  контејнери за рециклирање на отпадот, се  во духот на одржливиот развој  на Велес.  Тоа е мојот сон и мојата животна цел. Поубав, економски развиен, урбан и зелен Велес. Град со кои сите ќе се гордееме. Почувствував дека се раѓа нова надеж, надеж за подобро утре, за живот во Велес и Македонија. Надеж дека со оваа Влада може да има живот во Македонија.  И јас верувам во шансата која ја имаме, како град и држава. Во поддршката која ни ја дава Европа и затоа, за да не ја испуштиме можеби последната  можност  да бидеме нормална развиена европска држава се приклучив на овој тим.   Ве повикувам  и вас, неопределените, и незадоволнте од досегашната власт ајде...заврши времето на диктатурата. Ајде заедно да го направиме Велес поубаво место за живеење – порача  д-р Ненад Коциќ, носител на листа та на коалицијата на СДСМ за Велес. 

Зоран Заев лидерот на СДСМ кој порача дека на  локалните избори, на 15 октомври неговата партија  ќе освои мнозинство во повеќето општини во Македонија, но најсилно ќе победи во Велес. 

Со изборот на градоначалници и советници, одлучувате во кој правец ќе се движи Македонија.  По нашето доаѓање на власт, во Македонија нема повеќе уцени, нема притисоци, владее демократијата, се живее, има изборни а нема притисоци.   Градиме пријателство, за четири месеци ги стабилизиравме состојбите во земјава. Затекнавме  Буџет во кој немаше пари за плати, за пензии, немаше пари за Фондот за здравство и социјално ранливите категории граѓани. Со ребалансот  на Буџетот скусивме од непродуктивните  трошоци, нема криминални тендери,  заштедивме 45 милиони евра пари. Го донесовме Законот за стечајци, ја  добија правдата   и до пензија ќе добиваат паричен надомест. Донесовме правда. Го донесовме Законот за минимална плата со кој работниците ќе добијат најмалку по 12 илјади денари, нема повеќе текстилните работнички и работниците во кожарската индустрија ќе имаат повисока палта.  Со еден тендер во РЕК Битола заштедивме 9 милиони евра. Ја воведеме евтината струја, го укинавме екстерното и нема повеќе трауми ниту за учениците, ниту за родителите ниту за наставниците.   Со сите пет соседи ги отворивме портите  на пријателство, дури и  со Грција. Ви тврдам  дека македонштината нема да ни ја чепне, ниту  идентитетот ниту нашата посебност. Ќе најдеме решение со која Македонија нагребаната ќе влезе во ЕУ и НАТО. Тоа значи повеќе пари за сите нас, секое  семејство.    За 4 месеци заштедивме 45 милиони евра.   Македонија ќе биде успешна економска приказна. Нека не лаже Груевски дека  Зева ќе ги укине субвенциите. Досега исплативме 68 милиони евра на повеќе од 50 илјади земјоделци.  Ја зголемивме субвенцијата за грозјето, за оризот. Наша цел е народ да има пари. Ефектите од нашата работа набргу ќе се почувствуваат насекаде. Ќе ги вратиме урбаните и месни заедници како правни субјекти со печат и тие да одлучуваат што се приоритетите за секое маало и секое село.  Аце Коцевски е вистинскиот избор за Велес, тој  го сака Велес. Советничката листа предводена од д-р Ненад Коциќ граѓански активист кој исто го сака Велес. Велешани немојте да ја прокоцкате шансата со Коцевски и Коциќ што ја имате за живот за сите. Продолжуваме чесно и одговорно да работиме и затоа ја барам Вашата поддршка    на 15 октомври, гласајте за број 19, гласајте за живот во Македонија, за живот за сите - изјави Заев.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ОКТОМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каков превоз најчесто користите?

  • автобус
  • автомобил
  • воз
  • комбинирам
  • такси
Резултати